Отворање домови во кризно време

Во партнерство со нашата заедница нудиме сместување во итни случаи, од природни непогоди до COVID-19.

75,000 лица најдоа сместување во кризно време од 2012 г., па наваму.

Низ целиот свет, домаќините на Airbnb нудат поддршка кога таа е најпотребна. Запознајте ги луѓето кои го овозможуваат ова.

Им помагаме на непрофитните организации да остават траен впечаток.

Запознајте неколку партнери кои помогнаа во обликувањето на Airbnb.org.

Меѓународен медицински корпус

Меѓународниот медицински корпус (IMC) обезбедува итни медицински и други слични услуги за лицата погодени од непогоди низ целиот свет и им обезбедува на луѓето обука којашто им е потребна за да не се потпираат на хуманитарна помош, туку на сопствени ресурси.

Меѓународен комитет за спасување

IRC одговара на најголемите хуманитарни кризи во светот и им помага на луѓето чии животи и егзистенција се разнишани од конфликти и непогоди да преживеат, да се опорават и да преземат контрола над својата иднина.

HIAS

HIAS е глобална еврејска непрофитна организација која обезбедува заштита и помош за бегалците, барателите на азил и другите присилно раселени лица низ целиот свет.

Build Change

Build Change е организација за спречување на и опоравување од непогоди која осмислува издржливи решенија за сместување со локалните заедници.

Community Organized Relief Effort

CORE ги предводи подготовките, реакциите и напорите за опоравување по непогода за заедниците кои се погодени или загрозени од некоја криза.

Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (МФЦК)

МФЦК е најголемата хуманитарна мрежа во светот којашто се состои од 192 национални друштва на Црвениот крст и на Црвената полумесечина коишто работат на спасување животи и промовирање достоинство низ целиот свет.
Лого на Airbnb.org
Лого на Mercy Corps

Заедно можеме да обновиме.

Во август 2018 г., низа земјотреси го потресоа индонезискиот остров Ломбок. Хуманитарните работници од Mercy Corps беа распоредени да работат на опоравување во овој регион каде што најдоа заедница и удобно сместување.