Во услови на криза, бидете домаќин
Како никогаш досега, има потреба од сместувања за итни случаи за бегалците кои пристигнуваат од Авганистан. Придружете ѝ се на организацијата Airbnb.org во поддршката на авганистанските бегалци.
Дознајте повеќе

Отворање домови во кризно време

Во партнерство со нашата заедница нудиме сместување во итни случаи, од природни непогоди до COVID-19.

75.000 лица најдоа сместување во кризно време од 2012 г., па наваму.

Низ целиот свет, домаќините на Airbnb нудат поддршка кога таа е најпотребна. Запознајте ги луѓето кои го овозможуваат ова.

Како Кармен и нејзината заедница си помагале меѓусебно по ураганот Марија.

Им даваме на заедниците начин да се здружат кога ќе се случат непогоди. Преку програмите на Airbnb.org, луѓето можат бесплатно да ги нудат своите домови на соседите кои треба да се евакуираат.

Бегалците и барателите на азил се соочуваат со многу предизвици кога ќе се преселат во нова земја. Имањето на бесплатно привремено сместување им помага да се чувствуваат спокојно додека го започнуваат својот нов живот.

Дознајте како работиме со партнерите како што е CORE за да го поддржиме рамноправниот пристап до вакцините.

Може да поминат години додека една заедница целосно да се опорави од голема непогода. Airbnb.org помага во финансирањето на сместувањата за хуманитарните работници кои вршат работа од суштинска важност за обнова на заедниците.

Создавање свет кој се темели на чувството на припаѓање: на што се обврзува Airbnb.org

Денес, врз основа на 8 години учење и искуства, објавуваме низа работи на кои ќе се обврземе во поглед на разновидноста, рамноправноста и вклученоста.

Им помагаме на непрофитните организации да остават траен впечаток.

Запознајте неколку партнери кои помогнаа во обликувањето на Airbnb.org.
Меѓународниот медицински корпус (IMC) обезбедува итни медицински и други слични услуги за лицата погодени од непогоди низ целиот свет и им обезбедува на луѓето обука којашто им е потребна за да не се потпираат на хуманитарна помош, туку на сопствени ресурси.
IRC одговара на најголемите хуманитарни кризи во светот и им помага на луѓето чии животи и егзистенција се разнишани од конфликти и непогоди да преживеат, да се опорават и да преземат контрола над својата иднина.
HIAS е глобална еврејска непрофитна организација која обезбедува заштита и помош за бегалците, барателите на азил и другите присилно раселени лица низ целиот свет.
Build Change е организација за спречување на и опоравување од непогоди која осмислува издржливи решенија за сместување со локалните заедници.
CORE ги предводи подготовките, реакциите и напорите за опоравување по непогода за заедниците кои се погодени или загрозени од некоја криза.
МФЦК е најголемата хуманитарна мрежа во светот којашто се состои од 192 национални друштва на Црвениот крст и на Црвената полумесечина коишто работат на спасување животи и промовирање достоинство низ целиот свет.
Лого на Airbnb.org
Лого на Mercy Corps

Заедно можеме да обновиме.

Во август 2018 г., низа земјотреси го потресоа индонезискиот остров Ломбок. Хуманитарните работници од Mercy Corps беа распоредени да работат на опоравување во овој регион каде што најдоа заедница и удобно сместување.