Нашата мисија е да ја отклучиме моќта на споделување простор, ресурси и поддршка во време кога е потребна помош.
Повеќе од 8 години, Airbnb им помагаше на луѓето во кризно време преку иницијативата Open Homes. Airbnb.org е следното поглавје. Ние сме непрофитна организација чиј даночен статус според законот на САД се регулира со Дел 501(в)(3) со сопствена мисија и одбор на директори.

Како започнавме.

2012 г.
октомври

Идејата ја даде еден домаќин

Градот Њујорк беше погоден од ураганот Сенди, еден од најлошите урагани во историјата. Шел, домаќин на Airbnb во Бруклин, контактираше со Airbnb и праша дали може бесплатно да го понуди своето место на луѓето кои морале да се евакуираат. Тимот на Airbnb работеше долги часови за брзо да го овозможи ова за евакуираните, а брзо потоа над 1000 домаќина ги отворија своите домови за оние на кои им беше потребна помош.

Жена со виткана коса стои во кујна. Има широка насмевка и носи престилка во силни бои.
Поглед од воздух на куќите оштетени по ураганот Сенди
2013 г.
јуни

Airbnb овозможува повеќе домаќини да помогнат

Airbnb промовира алатка за помош при природна непогода која им овозможува на домаќините од целиот свет бесплатно да ги нудат своите домови за време на непогоди.

2015 г.
април – мај

Домаќините низ целиот свет ги отвораат своите врати за хуманитарните работници

Airbnb се активира за земјотресот во Непал и домаќините ја пречекуваат првата група хуманитарни работници со волонтери од All Hands and Hearts.

мај – септември

Airbnb соработува со непрофитни организации за да разбере како да понуди помош

Се создаваат партнерства со Федералната агенција за управување со вонредни ситуации (FEMA) за да се помогне во распределбата на ресурсите за подготвеност за вонредни ситуации помеѓу домаќините и гостите. Во Грција и на Балканот, Airbnb започнува да работи со Mercy Corps и со Меѓународниот комитет за спасување (International Rescue Committee) за да обезбеди сместување за хуманитарните работници во првите борбени линии против кризата со сириските бегалци.

Airbnb, исто така, почнува да нуди грантови за сместување на над 15 организации на кои им треба сместување за нивните клиенти или персонал, вклучувајќи ги и Service Year Alliance, Make-a-Wish и Summer Search.

2016 г.
јуни

Заедницата на домаќини одговара на пукањето во ноќниот клуб Pulse

На барање на локалната власт, Airbnb, Uber и JetBlue ги здружија силите за да обезбедат сместување, летови и копнен превоз за семејствата кои доаѓаат за погреби или ги посетуваат саканите во болница. Ова беше првпат заедницата на домаќини да понуди да угостува луѓе засегнати од масовно пукање.

септември

Белата куќа објави повик за дејство за ангажирање на приватниот сектор во глобалната бегалска криза. Airbnb одговори. Соосновачот на Airbnb, Џо Гебиа, беше еден од 20-те лица од извршниот сектор поканети од претседателот Обама да се обврзат да помогнат во однос на бегалската криза.

ноември

Airbnb соработува со Make-a-Wish со цел да смести едно семејство на ден во 2017 година.

2017 г.
јануари

Airbnb се обврзува кон Меѓународниот комитет за спасување (IRC)

Како одговор на извршната наредба на САД со која се спречува примањето на сите бегалци и привремено се забранува примањето на луѓето од седум земји со муслиманско мнозинство, Airbnb се обврзува да ги смести оние за кои важи таа забрана. Освен тоа, Airbnb ветува и дека ќе донира 4 милиони долари во текот на следните 4 години во Меѓународниот комитет за спасување, за да им помогне на раселените лица кои имаат потреба од сместување.

јуни

Airbnb официјално ја започнува програмата Open Homes

На Светскиот ден на бегалците, Airbnb објавува дека ќе ги удвои своите напори за сместување во рамките на Open Homes. Со оваа програма, заедницата на домаќини доби можност да им ги понуди своите домови бесплатно на лицата засегнати од непогоди или оние коишто бегаат од воен конфликт.

август – септември

Заедницата им помага на над 20 000 луѓе до денес

Заедницата на Open Homes одговара на 4 непогоди истовремено. Ураганот Харви станува причина за најголемото активирање на заедницата на домаќини. За само еден месец, домаќините им помагаат на над 2000 лица кои биле евакуирани низ 3 држави. Истовремено, домаќините ги отворија своите домови за лицата погодени од ураганот Ирма, ураганот Марија и земјотресот во Мексико Сити.

2018 г.
септември

Airbnb најавува иницијатива за престој од медицински причини

На Самитот на Бајден во врска со ракот, Airbnb ја најавува иницијативата за престои од медицински причини во соработка со Hospitality Homes, Fisher House и Make-A-Wish. Преку неа, заедницата на Open Homes би обезбедувала бесплатни сместувања за лицата кои долго патуваат за да добијат медицинска нега.

ноември

Домаќините реагираат на два одделни шумски пожари во Калифорнија

По пожарите Кемп и Вулзи во Калифорнија, повеќе од 2500 домаќини ги отворија своите врати, а повеќе од 2300 лица најдоа сместување.

2019 г.
мај

Airbnb гради начин на којшто домаќините ќе можат да донираат за да го поддржат Open Homes

Домаќините сакаа да учествуваат во Open Homes на повеќе начини. Како одговор на тоа, Airbnb претставува платформа за донации која им овозможува на домаќините да донираат процент од својата заработка на непрофитните организации кои се партнери на Open Homes за да им помогнат во финансирањето на престои за оние на кои им се потребни.

2020 г.
јануари

Домаќините нудат засолниште за повеќе од 1000 лица погодени од австралиските пожари во Нов Јужен Велс и Викторија. Ова е досега најголемото меѓународно дејствување на Open Homes.

март

Заедницата на домаќини одговара на пандемијата од COVID-19

Airbnb претставува начин на којшто домаќините ќе можат да обезбедат сместување за здравствените работници и за лицата кои се справуваат со пандемијата во првите борбени линии.

април

Airbnb ја проширува својата платформа за донации, така што секој може да донира за непрофитните организации што им помагаат на лицата коишто работат во првите борбени линии да најдат сместување.

декември

Airbnb го претставува Airbnb.org

Airbnb го воспоставува Airbnb.org и ја прославува целата значајна работа што ја извршија домаќините и партнерите преку Open Homes. Како независна непрофитна организација, Airbnb.org ќе се фокусира на тоа да им помага на луѓето да споделуваат сместувања и ресурси едни со други во кризно време.

2021 г.
април

Разновидноста, рамноправноста и вклученоста се на прво место

За да помогнеме во создавањето свет кој се темели на чувството на припаѓање, Airbnb.org јавно објавува низа работи на кои ќе се обврзе за да постигне резултати во поглед на разновидноста, рамноправноста и вклученоста.

август

Airbnb.org обезбедува одличен пречек за авганистанските бегалци

Airbnb.org се обврзува да обезбеди привремено сместување за 20 000 авганистански бегалци низ целиот свет. Средствата доаѓаат од огромни донатори, како и од Airbnb. Airbnb.org тесно соработува со агенциите за релокација и партнерите за да одговори на ситуацијата која брзо се менува.

декември

Airbnb.org достигна голем успех со тоа што обезбеди сместувања за 100 000 гости

Во 2017 година, тимот што ќе стане Airbnb.org имаше амбициозна цел да обезбеди сместувања за краткорочни престои за 100 000 гости во кризни ситуации. До декември 2021 година, Airbnb.org ја надминува целта.

2022 г.
Февруари

20 000 авганистански бегалци добиваат бесплатно привремено сместување

Шест месеца откако ја објави својата заложба да им понуди бесплатно привремено сместување на авганистанските новодојденци, Airbnb.org ја исполнува својата цел да обезбеди сместувања за 20 000 бегалци. Благодарение на великодушноста на домаќините кои се пријавуваат да ги споделат своите домови бесплатно или по намалена цена, Airbnb.org може да обезбеди сместување за уште 1300 новодојдени лица од Авганистан.
септември

Airbnb.org им помага на 100 000 лица кои бегаат од Украина да најдат сместувања

Откако Русија изврши инвазија на Украина во февруари 2022 година, над 6 милиони луѓе побегнаа од земјата. Истиот месец, Airbnb.org се обврза да најде привремено сместување за 100 000 од нив, а над 40 организации ни се придружуваат во тие напори. Благодарение на глобалниот наплив на поддршка од домаќините и донаторите, Airbnb.org ја исполнува својата цел за шест месеца и продолжува посветено да наоѓа сместувања за луѓето кои бегаат од Украина.
Човек во сина кошула држи шолја за кафе и стои на балконот гледајќи во хоризонтот.
Човек во сина кошула клечи до велосипед и отклучува штитник во форма на буквата U.
2023
Февруари

Airbnb.org дава помош после земјотресите во Турција и Сирија

Откако два земјотреса со јачина од над 7 степена ги погодија Турција и Сирија, Airbnb.org поврзува повеќе од 1600 преживеани лица со бесплатни сместувања, вклучувајќи хуманитарни работници и лица кои се први на местото на настанот и кои ги изгубиле своите домови, како и сириски бегалци кои се населиле во јужниот дел на Турција откако избегале од војна во сопствената земја.
Две лица седат на кауч и се потпираат едно на друго. Зад нив, сончевата светлина се пробива низ проѕирните завеси.
Маж, жена и дете читаат заедно на кауч. Детето јаде портокалов зеленчук гледајќи во жената.
јуни

Airbnb.org најавува нова иницијатива за спонзорство

Airbnb.org воспоставува иницијатива за спонзорство од 2 милиони американски долари за поддршка на бегалците и барателите на азил кои се преселуваат во САД.
август

Повеќе од 1800 лица погодени од пожарите во Мауи наоѓаат сместувања за итни случаи

Откако шумските пожари ја опустошија Лахаина и делови од горниот регион на Мауи, Airbnb.org соработува со доверливи организации и Одделот за човекови услуги на државата Хаваи за да поврзе повеќе од 1800 луѓе со бесплатни сместувања за итни случаи.
Луѓето формираат круг држејќи се за раце застанати на плажа пред вода.
Насмеана жена танцува хула под висечки светилки. Семејство седи зад неа на маса за пикник и вечера.

Запознајте го нашиот одбор.

Jennifer Bond

„Airbnb докажа колку може да биде моќно поврзувањето на луѓето и пречекувањето странци. Airbnb.org има за цел да ја искористи таа моќ за да менува животи и да го преобрази светот. Чест ми е да бидам дел од тоа патување.“

Joe Gebbia

„Ме инспирира иницијативата што започна со една порака од домаќин и прерасна во движење во коешто 100 000 лица ги нудат своите домови на заедницата. Во овие кризни времиња, ваквата работа е поважна од кога и да е.“

Sharyanne McSwain

„Сместувањето е една од најосновните човечки потреби и преку нивната програма тимот на Airbnb.org обезбедува сместување кога тоа е најпотребно.“

Catherine Powell

„Преку блиска соработка со своите партнери и домаќини, Airbnb.org доживеа драматично зголемување на своето влијание и неодамна спроведе некои од своите најголеми одговори на кризни ситуации досега. Чест ми е да ја продлабочам мојата ангажираност во Airbnb.org како член на одборот.“

Rich Serino

„Од прва рака ја увидов потребата за краткорочно сместување по природна непогода или криза, а Airbnb.org спасува и ќе продолжи да спасува и менува животи со помош за краткорочно сместување.“

Melissa Thomas-Hunt

„Да се обезбеди сместување кога луѓето минуваат низ тежок период е едно од најхуманите и најсочувствителните дела што човек може да ги направи. Огромно задоволство ми е што сум дел од толку важен потфат што може некому да го промени животот.“

Jocelyn Wyatt

„Се радувам што се приклучувам во одборот на Airbnb.org затоа што верувам дека може да имаме значајно влијание обезбедувајќи сместување и помош за лицата коишто имаат потреба од тоа.“

Како работиме.

Соработка со непрофитни организации

Airbnb.org доделува грантови на непрофитни организации кои им обезбедуваат на луѓето привремени сместувања, ресурси и специјализирана поддршка во кризно време. Исто така, обезбедуваме пристап до бесплатно сместување и сместување со попуст што го нуди заедницата домаќини на Airbnb.

Вложување во еднаквост на сите

Веруваме во користењето на нашата моќ и ресурси за да придонесеме за поправеден свет. Airbnb.org инвестира во организации со стратегии и програми кои се усогласени со нашата посветеност за унапредување на еднаквоста во заедниците.

Разбирање на нашето влијание

Целта ни е да го мапираме влијанието на нашата програма за финансирање и сместување врз подобрувањето на психосоцијалната благосостојба, намалувањето на финансискиот товар и зајакнувањето на заедницата и чувството на припадност на гостите.

Партнерства и грантови

Airbnb.org моментално не прифаќа барања за финансирање. Директно ќе ги споделуваме информациите за нашиот претстоен циклус на грантови со непрофитните организации кои ги исполнуваат условите.

Како работиме со Airbnb, Inc.

Airbnb.org е независна и јавно поддржана непрофитна организација 501(c)(3). Airbnb.org бесплатно ги користи технологијата, услугите и другите ресурси на Airbnb, Inc. за вршење на добротворната цел на Airbnb.org. Airbnb.org е одделен и независен субјект од Airbnb, Inc. Airbnb, Inc. не наплаќа надоместоци за услугата за сместувањата поддржани од Airbnb.org на својата платформа.

Програмата Open Homes е создадена од Airbnb и инспирирана од великодушноста на домаќините на Airbnb, за да им помогне на луѓето на кои им е потребно привремено сместување. Програмата Open Homes моментално се пренесува на Airbnb.org, а Airbnb.org ќе функционира според напорите на програмата, во согласност со добротворната цел и мисија на Airbnb.org.