Со секој престој на Airbnb сега се поддржува сместувањето за итни случаи

Со секој ваш престој, Airbnb донира 0,10 американски долари на Airbnb.org за да помогне да се обезбеди бесплатно сместување при непогода, болест или кризна ситуација. Во текот на следните 5 години, ова ќе помогне да се донираат 500 милиони американски долари на Airbnb.org.
Прелистајте сместувања
Насмеано семејство со членови од повеќе генерации се собира пред домот додека бебето посегнува кон камерата.

Еден милион бесплатни ноќевања, благодарение на патувања како вашето

Еден милион бесплатни ноќевања,благодарение на патувања како вашето

Секој престој ни помага да ја постигнеме нашата цел за обезбедување по 1 милион бесплатни ноќевања годишно до 2030 година.

Вие престојувате

Уживајте во дом или хотел. Им помагате на семејствата на кои им е потребна помош со самото тоа што патувате.

Airbnb донира

Airbnb донира 0,10 американски долари по престој на Airbnb.org за да помогне да се обезбеди сместување во итни случаи.

Семејствата престојуваат бесплатно

Airbnb.org плаќа за сместувањето, така што луѓето на кои им е потребна помош престојуваат бесплатно, а домаќините добиваат исплата како и обично.

Сместување за итни случаи каде што ќе се чувствувате како дома

Airbnb.org обезбедува краткорочни престои во вистински домови за да им помогне на луѓето раселени поради непогода, кои патуваат за да добијат медицинска нега или кои се соочуваат со други кризни ситуации.

Отворени врати во над 135 земји

Од 2020 година, Airbnb.org обезбеди 1,6 милиони бесплатни ноќевања како сместувања за итни случаи.
Точките на мапата на светот ги покажуваат локациите каде што Airbnb.org обезбеди бесплатно сместување за итни случаи во повеќе од 135 земји.

Приказна зад секој престој

Сослушајте ги луѓето на кои Airbnb.org им обезбеди сместување низ целиот свет.
Прикажи ги сите приказни

Повеќе начини за поддршка

Вашиот престој ѝ помага на Airbnb.org да обезбеди сместувања за луѓето на кои им се потребни. Ако сте во можност да придонесете дополнително, имате опции.

ЧПП

Како секој престој преку Airbnb ѝ помага на Airbnb.org?
Airbnb донира 0,10 американски долари по престој од своите приходи на Airbnb.org, непрофитна организација од САД, за да помогне во остварувањето на нејзината хуманитарна цел да обезбеди бесплатно сместување за итни случаи за луѓето погодени од непогода, болест или кризна ситуација. Ова не влијае на тоа колку плаќаат гостите или колку заработуваат домаќините.Овој нов модел на финансирање поврзан со секој престој помага да се обезбедат 500 милиони американски долари за Airbnb.org во текот на следните пет години, поддржувајќи ја целта на Airbnb.org за обезбедување по 1 милион ноќевања годишно во бесплатно сместување за итни случаи до 2030 година.Еве како функционираат овие донации на Airbnb:
  • Airbnb донира 0,10 американски долари по завршен престој на Airbnb.org.
  • Airbnb донира за остварени престои, а не за престои откажани пред пријавувањето.
  • Airbnb не донира за резервации на доживувања или услуги.
  • Донациите на Airbnb за Airbnb.org се вршат во непарични и парични средства во текот на целата година за да се овозможи и поддржи хуманитарната работа на Airbnb.org.
  • Донациите од Airbnb ги покриваат оперативните трошоци на Airbnb.org и сместувањата за итни случаи, така што 100% од донациите од јавноста финансираат сместувања за итни случаи.
  • Овие донации се од Airbnb и ниеден дел од вашето плаќање за сместување не подлежи на даночно ослободување како добротворен придонес.
  • Овие донации од Airbnb започнуваат на 28 октомври 2026 г. и ќе се вршат постојано.
  • Airbnb или Airbnb.org може да го променат или да го прекинат овој модел на финансирање во секое време.
Airbnb.org, Inc. е регистрирана непрофитна организација чиј даночен статус според законот на САД се регулира со Дел 501(в)(3) (EIN: 83-3135259). Тоа е одделна организација, независна од Airbnb, Inc. и нејзините партнери. Airbnb.org има главно деловно седиште и адреса на 888 Brannan Street, San Francisco, CA 94103, САД. Нејзината веб-страница е airbnb.org, а телефонскиот број е (415) 728-0108.Калифорнија: Airbnb донира за Airbnb.org од секој престој на тримесечно ниво.Њу Џерси: информациите поднесени до државниот правобранител во врска со ова собирање доброволни прилози и процентот на донации примени од добротворната организација во текот на последниот период на известување, кои биле наменети за добротворна цел, може да се добијат од државниот правобранител на сојузната држава Њу Џерси со повик на 973-504-6215 и се достапни на интернет на http://www.state.nj.us/lps/ca/charfrm.htm. Регистрацијата во државното правобранителство не подразбира поддршка.Њујорк: копија од последниот финансиски извештај што Airbnb.org го поднесла до државниот правобранител на Њујорк е достапна на барање од Airbnb.org на notices@airbnb.org или од Бирото за добротворни организации на државниот правобранител на Њујорк, 28 Liberty Street, New York, NY 10005. Добијте информации за добротворните организации на www.charitiesnys.com или на (212) 416-8401. Airbnb.org доделува грантови на други непрофитни организации.Вашингтон: Airbnb.org е регистрирана во Централниот регистар на Вашингтон, како што се бара со Законот за собирање доброволни прилози за добротворни цели. Информациите може да се добијат од Централниот регистар на Вашингтон на www.sos.wa.gov/charities или на 1-800-332-4483.