Амирул им помогна на своите соседи да се опорават по катастрофата

Амирул го прославувал вториот ден од Рамазан Бајрам со своето семејство во нивниот дом во Путра Хајтс, Малезија, утрото на 1 април 2025 година кога слушнале нешто што звучело како силна бучава од мотор. Погледнале низ прозорецот и виделе нешто што личело на огнена топка. Зградата се тресела. Без да имаат време да размислат или да грабнат нешто, ја зеле ќерката и истрчале низ вратата, подалеку од опасноста.
Експлозија на гасоводна цевка во близина предизвика пожар во кој беа раселени повеќе од 500 луѓе, беа повредени 150, а беше уништен 81 дом.
Амирул и неговите роднини се здобиле со изгореници од втор и трет степен од пожарот.
Амирул живеел во Путра Хајтс со сопругата и нејзиното семејство. Кога се случила експлозијата, Амирул бил со својата сопруга, нејзините родители и неговите девет роднини. Сите се спасиле, но се здобиле со изгореници од втор и трет степен. Тие го загубиле својот дом, а семејството било поделено помеѓу болницата и засолништето во заедницата.
Амирул слушнал за бесплатно сместување за итни случаи преку Airbnb.org и резервирал едномесечен престој додека тој и неговото семејство чекале подолгорочно решение од локалната власт. Нивното сместување било блиску до болницата до каде што Амирул и неговите роднини оделе и се враќале за третирање на изгорениците.„Домот е безбедно место. Место каде што се чувствуваме удобно. Можеме да престојуваме таму без никакви грижи.“

Амирул е Супердомаќин и брзо го резервирал своето сместување за итни случаи, но многу од неговите соседи кои исто така биле во засолниште не знаеле за платформата. Иако бил прикован за инвалидска количка поради изгореници на нозете, Амирул одел на состаноците на локалната заедница за да им каже на соседите за Airbnb.org и да им помогне да се регистрираат за да добијат бесплатно сместување за итни случаи.

„Како домаќин, чувствував дека имам одговорност да истапам и да ја водам заедницата низ процесот.“
По престојот на Амирул во сместување од Airbnb.org, тој и неговото семејство се преселија во друг стан во истата зграда. Тој се врати на работа, а неговото семејство продолжува да заздравува. Планираат одново да го изградат својот дом во Путра Хајтс.
Вклучете се
Придружете ѝ се на глобалната заедница која обезбедува сместувања за итни случаи во кризни ситуации.
Дознајте повеќеСекој престој има своја приказна
Запознајте ги луѓето погодени од непогоди и оние кои помогнале.