Шумски пожар во Џаспер

Роуи и Џели содаваат доживотно пријателство по шумскиот пожар

Две жени стојат заедно и се смеат
Two women are standing together smiling

Роуи се преселила во Џаспер, Канада од Филипините за да работи и живее со семејството на нејзината сестра. Се вклопила во локалната заедница и мислела дека го пронашла своето идеално место за живеење.Потоа, во јули 2024 година, шумските пожари го опустошиле шармантниот планински град. Повеќе од 25 000 луѓе биле принудени да се евакуираат, а 30% од објектите во Џаспер биле уништени, вклучувајќи го и домот на Роуи и нејзината сестра.

Жена стои на празен паркинг каде што порано бил нејзиниот дом

Без безбедно сместување, Роуи не знаела што да прави следно. Тогаш дознала за сместувањето за итни случаи преку Airbnb.org.Роуи успеала да резервира бесплатно сместување преку Airbnb.org кај локалниот Супердомаќин Џели, која живее во Џаспер веќе 40 години. „Ми беше од огромна помош“, вели Роуи. „Ми овозможи нов почеток.“

„Тоа беше како терапија за мојата душа.“

Жена стои во дом и гледа во далечина

Роуи престојуваше во домот на Џели еден месец и за тоа време успеа да направи планови за својот долгорочен престој во Џаспер и да се ослободи од стресот. „Можев да готвам сама, да се опуштам, да пијам кафе пред прозорецот, да ги гледам возовите што поминуваат“, вели таа. „Тоа беше како терапија за мојата душа.“

Две жени седат една спроти друга и разговараат во градина.

Роуи беше една од седумте гости кои Џели ги угостуваше преку Airbnb.org и меѓу нив се роди трајно пријателство. Денес, Роуи и нејзината сестра го обновуваат својот дом и се радуваат на новиот почеток во Џаспер.

Вклучете се

Придружете ѝ се на глобалната заедница која обезбедува сместувања за итни случаи во кризни ситуации.

Дознајте повеќе

Секој престој има своја приказна

Запознајте ги луѓето погодени од непогоди и оние кои помогнале.