Создавање свет кој се заснова на чувството на припаѓање
Мисијата на Airbnb.org е да ја отклучиме моќта на споделување простор, ресурси и поддршка во време кога е потребна помош. Но не секој има еднаков пристап до овие ресурси. Затоа се обврзавме на разновидност, рамноправност, вклученост и пристапност, кои се од клучно значење за нашата секојдневна работа.
Нашите основни обврски за разновидност, рамноправост, вклученост и пристапност
Во април 2021 г. Airbnb.org соопшти три главни работи на кои се обврзува: разновидност, рамноправност и вклученост. Овие обврски ги обликуваат нашите односи со гостите и домаќините, нашите соработки со непрофитни организации и владини агенции, како и нашиот сопствен тим на Airbnb.org.
Како организација, ветивме дека:
- Ќе ја фокусираме нашата програма и работа кон поединците од маргинализираните заедници кои низ историјата имале ограничен пристап до ресурси како резултат на културно, економско и политичко угнетување.
- Ќе работиме на тоа секој гостин што ќе дојде преку Airbnb.org да го искуси квалитетот на услугите и престоите на ист начин.
- Ќе создаваме разновиден тим којшто не исклучува никого. Така што, до крајот на 2025 година, најмалку 33 отсто од американските вработени ќе бидат од недоволно застапените малцинства.
Во 2022 година, ја укинавме потребата за вклучување на пристапноста како посебен дел од нашето ветување. Ќе го ажурираме ветувањето со таа цел во 2023 година.
Еве како го спроведуваме нашето ветување
За да ги исполниме нашите тековни обврски за разновидност, рамноправост, вклученост и пристапност:
- Работиме со организации и непрофитни организации со седиште во заедницата кои ја споделуваат нашата обврзаност кон рамноправноста. Кога доаѓа до кризни ситуации, нашите тимови се трудат да работат со локални организации кои им служат на маргинализираните заедници. Неодамна соработувавме со организации како:
- Each One Teach One која ги поддржува луѓето со попреченост и граѓаните кои немаат украинско државјанство, а се раселени поради конфликтот во Украина
- Black Women for Black Lives која поврза 2000 африкански студенти во Украина со бесплатни сместувања надвор од земјата
- ORAM, подружница на Alight која им помогна на луѓето од ЛГБТК+ заедницата кои бегаа од Украина да најдат сместување и социјална поддршка во Берлин и други европски градови
- Соработуваме со водечки експерти за разновидност и рамноправност за да ни помогнат да ја процениме и подобриме нашата работа на овие обврски. Основен партнер ни е We All Count, организација која промовира пристап кој е фокусиран на рамноправноста во истражувањето. Во 2022 година, тие ѝ помогнаа на Airbnb.org да спроведе пилот-студија за подобро да ги разбере искуствата со кои се соочуваат луѓето кои нашле привремено сместување во кризни ситуации преку Airbnb.org. Со овој придонес, осмислуваме пристап за да го следиме нашиот напредок и да се осигуриме дека ги исполнуваме нашите обврски.
- Воведуваме начини на работа кои се фокусирани на рамноправноста во нашата работа. Нашите принципи за раскажување приказни поттикнати од трауматични искуства и фокусирани на рамноправноста нѐ водат во заедничко создавање приказни за работата што ја работиме со нашите гости, домаќини и партнери. Соработуваме кога станува збор за креативно донесување одлуки, почитување на јазичните избори на луѓето и начинот на кој избираат да бидат визуелно претставени.
- Се грижиме нашата обврска кон рамноправноста да важи и за персоналот. Нашата цел, до крајот на 2025 година, е најмалку 33 отсто од американските работници да бидат од недоволно застапените малцинства. Ние ги дефинираме недоволно застапените малцинства во САД како оние кои се самоидентификуваат со една или повеќе од следниве потекла/етнички припадности: американски Индијанец или домородец на Алјаска; црнец или Афроамериканец; Хиспано или Латиноамериканец; домородец на Хаваи или друг жител на Пацифичките Острови.
Кога првично се обврзавме на ова, недоволно застапените малцинства сочинуваа 19 проценти од нашиот персонал со полно работно време. Од 30 септември 2022 година, недоволно застапените малцинства сочинуваат 28 проценти од персоналот со полно работно време на Airbnb.org. Знаеме дека постојано треба да се работи за да се ангажираат, задржат и охрабруваат лица со разновидни таленти за да продолжиме да имаме различни перспективи. Исто така, ќе продолжиме да даваме приоритет на рамноправноста при вработување и задржување на вработените.
Посветено работиме на изнаоѓање нови начини да ја вклучиме рамноправноста во нашата работа, да влијаеме на заедниците кои доживеале кризни ситуации и да помагаме да се создаде свет кој се заснова на чувството на припаѓање и на закрепнување.