Поплави во Вашингтон

Танеса наоѓа сместување погодно за миленичиња по поплавите

Танеса е во инвалидска количка со нејзиното куче за помош, Фрида.

Дури и пред поплавите во декември 2025 г. да го погодат домот на Танеса и нејзиниот партнер Брајан во Вашингтон, тие преживеале трагедија.Во 2024 г., Танеса се здобила со попреченост со повеќе здравствени проблеми во сообраќајна несреќа, а нејзините две кучиња Фрида и Кајзер одиграле клучна улога во нејзиното физичко и емоционално закрепнување. Затоа, кога Танеса добила наредба за задолжителна евакуација поради предупредување за лоши временски услови и поплави на 10 декември 2025 г., прво ги побарала своите кучиња. Бидејќи Брајан бил надвор од градот поради работа, Танеса морала брзо да ги спакува најнеопходните работи. Потоа се појавило прашањето, каде да се евакуира со две големи кучиња?

„Се сеќавам дека седев во автомобилот и плачев бидејќи не знаев што ќе правиме.“

– Танеса, гостинка на Airbnb.org
Дом со оштетување од вода и вреќа за спиење на земја откако поплавата влегла во домот.
Домот на Танеса и Брајан по поплавите.

Два часа откако го напуштиле домот, водата веќе почнала да го поплавува домот на Танеса и Брајан. Танеса барала сместување за итни случаи кое би можело да го смести целото нивно семејство, вклучувајќи ги и Фрида и Кајзер.Танеса нашла засолниште во кое било дозволено да се носат миленичиња само во кафези, но им бил потребен простор каде што кучињата би можеле слободно да шетаат за да ѝ помагаат во секојдневните задачи.

Две кучиња седат на задното седиште на автомобил и гледаат низ задниот прозорец.

Кајзер и Фрида, двете кучиња на Танеса и Брајан.

„Не доаѓаше предвид да се одвоиме од кучињата. Ако требаше да спиеме во автомобил, ќе спиевме во автомобил.“

– Танеса

Тогаш Танеса ја пронашла организацијата Airbnb.org. Танеса и Брајан резервирале сместување во дом во кој, за нивна среќа, имало доволно простор за Фрида и Кајзер.

Кучето и сопственичката седат на кауч додека сопственичката го бакнува кучето.

„Беше одлично што таа вечер можевме да се истушираме и да ја одмориме главата во удобен кревет. Можноста сами да си зготвиме вечера и да не мора да јадеме некоја брза храна... Беше вистински луксуз.“

– Танеса
Семејна фотографија од жената Танеса и нејзиниот партнер Брајан со нивните две кучиња Фрида и Кајзер.

Иако домот на Танеса и Брајан станал непогоден за живеење, тие успеале да најдат засолниште во сместувањето од Airbnb.org на само 20 минути од нивната куќа. Ова значи дека Танеса, Брајан и нивните кучиња никогаш не биле премногу далеку од дома.Како одговор на овие поплави, Airbnb.org обезбеди бесплатно сместување за итни случаи за 2300 засегнати лица и 220 миленичиња. Најважно за Танеса и Брајан е тоа што тука се вклучени и Фрида и Кајзер.Донирајте за да им помогнете на семејствата како Танеса, Брајан, Фрида и Кајзер.

Вклучете се

Придружете ѝ се на глобалната заедница на луѓе кои обезбедуваат сместувања за итни случаи во кризни ситуации.

Дознајте повеќе

Секој престој има своја приказна

Запознајте ги луѓето погодени од непогоди и оние кои помогнале.